Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Баерн без својот капитен до 2027 година, Нојер го очекува пауза од два месеца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 30 минути -

Спорт
media-libraryu78f1is86jdc59raCIu

Баерн Минхен ќе мора да се справи без својот капитен Мануел Нојер до крајот на 2026 година, откако искусниот голман заработи повреда на вчерашниот натпревар против Мајнц во германската Бундеслига.

— реклама —

Нојер не го доигра натпреварот, а прегледите покажале дека има делумно кинење на тетивата на стапалото. Според проценките, ќе паузира од шест до 12 недели, што значи дека на терените би можел да се врати дури во 2027 година.

— реклама —
— реклама —

Иако во последниот период беше ротиран поради физички проблеми, оваа повреда претставува дополнителен проблем за Баерн, кој веќе се соочува со отсуство на неколку важни фудбалери, меѓу кои Дијаз, Саибари, Мусиала и Гнабри. Здравствени проблеми има и тренерот Венсан Компани.

— реклама —

Германскиот „Билд“ проценува дека најреалната пауза за Нојер би можела да трае околу два месеца, имајќи ги предвид возраста и индивидуалните фактори што влијаат врз закрепнувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања