Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Баерн доби лоши вести: Хари Кејн ќе паузира околу три месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Спорт
media-library13vr12ldbvfp8VDoPOl
Facebook/FIFA

Баерн Минхен ќе мора да се снаоѓа без својот најдобар напаѓач во наредниот период, откако Хари Кејн успешно беше опериран по тешката повреда на левиот зглоб здобиена на натпреварот против Келн (1:1) во Бундеслигата.

Германскиот клуб потврди дека англискиот репрезентативец има скинат синдезмотски лигамент на левиот зглоб и дека ќе започне со рехабилитација. Иако Баерн не објави точен рок за закрепнување, според медиумските процени, Кејн би можел да паузира околу три месеци, што би значело враќање на теренот дури на почетокот на 2027 година.

— реклама —

Кејн се повреди во првото полувреме од дуелот со Келн. Во 18. минута почувствувал силна болка во левиот зглоб при обид да упати удар кон голот. По лекарската интервенција, тренерот Винсент Компани одлучил да го замени. Напаѓачот го напуштил теренот со видливи тешкотии, а стадионот го напуштил потпирајќи се на патерица.

„Хари Кејн успешно беше опериран во текот на ноќта по скинатиот синдезмотски лигамент на левиот зглоб, повреда што ја заработи на вчерашниот натпревар против Келн. Триесет и тригодишниот фудбалер сега ќе започне со рехабилитација“, соопшти Баерн.

— реклама —
— реклама —

Англискиот напаѓач се огласи и на социјалните мрежи, изразувајќи разочарување поради повредата, но најави дека ќе се врати посилен.

„Животот е полн со подеми и падови. Секако дека сум многу разочаран поради оваа повреда, но, како и секогаш, ова е можност да покажам издржливост и да продолжам да напредувам пред 2027 година. Ќе се вратам одморен и подготвен за одлучувачкиот дел од сезоната“, напиша Кејн.

— реклама —

Повредата доаѓа во период кога Англичанецот игра во одлична форма. Минатата сезона постигна 61 гол на 51 натпревар во сите натпреварувања за Баерн, а ја освои и наградата „Златна копачка“ „Герд Милер“ за најдобар стрелец. Во тековната сезона има 10 гола и 11 асистенции на 16 настапи.

Неговото отсуство ќе биде сериозен удар за тимот на Компани, кој останува без еден од најважните играчи во нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library13vr12ldbvfp8VDoPOl

Рајс: Хари Кејн е главен фаворит за „Златната топка“

Спорт | пред 4 седмици

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања