Промени тема
Контакт

Бајден го искритикува пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „погрешен“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.

— реклама —

„Мислам дека тоа што го прави е погрешно. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече Бајден во интервју за Univision, американската ТВ мрежа на шпански јазик што се емитуваше во вторник.

Тој апелираше до израелските власти „само да повикаат“ на прекин на огнот во траење од шест до осум недели и да овозможат целосен пристап до хуманитарната помош наменета за населението во Газа зафатена од војна.

— реклама —

Бајден, исто така, рече дека во разговорите со лидерите на земјите од регионот „од Саудијците до Јорданците до Египќаните“, добил уверување дека тие се подготвени да почнат да доставуваат помош и дека е неопходно „да го направат тоа сега“.

— реклама —

Американскиот претседател, исто така, претходно го нарече израелското бомбардирање на Газа „недискриминирачко“, а неговите воени дејствија „претерани“.

Белата куќа минатата недела објави дека Бајден, во разговор со Нетанјаху, се заканил дека американската поддршка за израелската офанзива ќе ја условува со преземање конкретни чекори за заштита на хуманитарните работници и цивилите.

— реклама —

Тој повик следуваше по израелскиот воздушен напад во кој беа убиени седуммина хуманитарни работници на организацијата Светска централна кујна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања