Бајден: Ќе се откажам од претседателската трка само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека никој од него не е поквалификуван да се кандидира на претстојните избори и дека само „Бог“ може да го отстрани од претседателската трка.

— реклама —

„Мислам дека нема некој поквалификуван од мене, и ќе се откажам само ако Господ Бог зборува со мене и ми каже да го сторам тоа“, рече Бајден во интервју за ABC News.

Бајден го нарече својот настап на дебатата на 27 јуни со републиканскиот кандидат Доналд Трамп „лоша епизода“, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Нема индикации за некоја сериозна состојба. Бев исцрпен“, рече Бајден.

Домаќинот Џорџ Стефанопулос инсистираше Бајден да каже што би направил доколку неговата кандидатура ги чини демократите Претставничкиот дом и Сенатот, на што Бајден рече дека нема да одговори на тоа прашање и дека тоа нема да се случи.

На прашањето зошто шесте дена што ги помина во претседателската резиденција Кемп Дејвид не беа доволни за да се подготви за дебатата, Бајден одговори дека причината е тоа што е болен.

„Се чувствував ужасно. Ги прашав (докторите) дали ме тестираа за коронавирус, бидејќи се обидуваа да откријат што не е во ред. Ми направија тест дали имам инфекција. Имав голема настинка“, рече Бајден.

Тој додаде дека е свесен за неговиот лош настап во дебатата.

„Целиот начин на кој се подготвував, никој не е виновен освен јас. Никој не е виновен..“, рече Бајден, додавајќи дека и покрај се, „тој се уште е во добра форма“.

На прашањето дали би бил подготвен да направи независна когнитивна проценка и потоа да ги објави резултатите во јавноста, Бајден одговори дека секој ден прави таков тест.

„Имам тестови секој ден. Сè што правам... Не водам само кампања, туку го водам светот. „Звучи како хипербола, но ние (САД) сме суштинската нација во светот“, рече Бајден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања