Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Бајден одлучил како да се одмазди, Америка ќе изврши напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Bajden

Американскиот претседател Џо Бајден откри дека одлучил како да одговори на нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во Јордан и повтори дека не сака САД да бидат вовлечени во поголема војна. Пред медиумите не го откри начинот

Бајден тврди дека Иран е одговорен за обезбедувањето оружје на милитантите кои стојат зад нападот.

— реклама —

Белата куќа, да потсетиме, размислува да изврши напад врз неколку ирански воени средства во Персискиот залив, а според пишувањата на медиумите, на Бајден му биле претставени различни опции. Одмаздата би можела да дојде во наредните денови бидејќи тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат.

Новинарите го прашаа американскиот претседател како знае дека Иран е одговорен за нападот со беспилотно летало.

— реклама —

– Иран испорачува оружје – рече Бајден.

Сепак, тој избегна да одговори на прашањето дали верува дека Техеран е директно одговорен за нападот, кој САД го припишуваат на прокси групи.

– Ќе ги имаме тие разговори – рече Бајден.

Новинарите го прашаа дали донел одлука за тоа како ќе реагираат САД.

„Да“, рече Бајден едноставно еден ден по состанокот со неговиот безбедносен тим во брифинг-салата во Белата куќа.

Нацијата продолжува да тагува за загубата на тројца американски војници во напад со беспилотно летало во Јордан додека Бајден се соочува со повици од републиканците директно да го нападне Иран и притисок да се избегне воена ескалација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања