Бајден забрани увоз на руски ураниум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој се забранува увоз на збогатен ураниум, односно нуклеарно гориво за производство на електрична енергија во нуклеарните централи во САД, од Русија.

— реклама —

Оваа забрана за нуклеарно гориво ќе стапи на сила за околу 90 дена, но на Министерството за енергетика на САД му е дозволено да одобри исклучоци до 2027 година, во случај да има загриженост за недостиг на гориво, пренесува Ројтерс.

Нацрт-законот, исто така, овластува 2,7 милијарди долари за финансирање на изградбата на американската индустрија за нуклеарно гориво, чии 24 отсто од збогатениот ураниум што се користи во нуклеарните централи доаѓа од Русија.

— реклама —

„Претседателот Бајден донесе историска серија акции кои ќе ја зајакнат енергетската и економската безбедност на нашата земја со намалување и на крајот елиминирање на нашата зависност од Русија“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан.

Тој потсети дека станува збор за закон со кој се исполнуваат мултилатералните цели кои САД ги истакнаа во декември минатата година со Канада, Франција, Јапонија и Велика Британија со заедничка инвестиција од 4,2 милијарди долари за зголемување на капацитетот на тие земји во користењето ураниум.

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, оцени дека овој закон ќе создаде шокови во меѓународната економија, но дека нема да ги донесе посакуваните резултати.

„Ќе биде нарушена деликатната рамнотежа меѓу извозниците и увозниците на ураниум. Животот потврди дека руската економија е подготвена за какви било предизвици и дека брзо реагира на тешкотиите, дури и извлекувајќи придобивки. Така ќе биде и овој пат“, се вели во соопштението на – пишува во руската амбасада на каналот Телеграм.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања