Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Бајрактаров: Сите активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bajraktarov

Менталното здравје е од огромна важност за нашето секојдневно функционирање и за квалитетот на живот кој го имаме.

Сите треба активно да се вклучат во поддршката на менталното здравје кај себе, своите семејства, пријатели, колеги, заедници и да се трудиме негата и поддршката да бидат достапни за сите, вели со писмена изјава директорт на Универзитетската клиника за психијатрија и претседател на Национална комисија за унапредување на менталното здравје, доц. д-р Стојан Бајрактаров.

— реклама —

Последните неколку месеци, посочува тој, светот активно се бори со ширењето на Ковид-19 и стручните лица напорно работат во изнаоѓање решенија за заштита на нашето физичко здравје.

— реклама —

– Но, промените кои ги искусуваме овој период и предизвиците со кои се соочуваме влијаат не само на нашето физичко здравје, туку и на нашето ментално здравје. Ова е тема која често ја занемаруваме и е проследена со зголемена стигма и со предрасуди. Познато ни е дека милиони луѓе и нивните семејства низ светот страдаат од нарушено ментално здравје и ментални растројства. Денеска 10 октомври е само краток но важен потсетник да инвестираме во менталното здравје во нашата држава, истакнува доктор Бајрактаров.

— реклама —

Потенцира дека како стручни лица вложуваат значителен труд во изнаоѓањето иновативни решенија во адресирањето на ментално здравствените проблеми во овој тежок период.

– Во последните неколку години направивме значителен напредок, со големи вложувања, пред се, во медицинскиот персонал, но и во подобрувањето на условите за работа и можностите за третман, со активна поддршка од Европската Унија, СЗО, УНИЦЕФ и од други значајни интернационални институции, додава д-р Бајрактаров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања