Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Балевски: Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега, моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Goran

— реклама —

— реклама —

Новиот директор на Општата болница во Охрид, Горан Балевски, вели дека веднаш по неговото назначување дал наредба да се примаат сите пациенти кои ќе побараат помош, откако претходно, неговата колешка Славица Малеска беше разрешена поради тоа што персоналот на Инфективниот оддел вратил 66-годишна стружанка која барала хоспитализација, по што, таа почина. Балевски во интервју за „А1он“ вели дека имаат хоспитализирано пет лица кои се сомнителни, но нема резултати за да се види дали се заразени со коронавирусот.

„Мислам дека добро се справуваме со пандемијата досега. Моменталното на Инфективното одделение имаме сомнителни пациенти кои не се докажани. Земени се брисеви. Петте непотврдени случаи се 80% од Струга, 20% од Охрид. Тие се во стабилна здравствена состојба и се следат од вработени на Инфективниот оддел. Случаите кои се докажани дека имаат коронавирус, а се со полесна клиничка слика ги испраќаме во болницата во Битола, а пак, оние со потешка клиничка слика во скопските клиники“, рече Балевски. Директорот Балевски не сакаше да коментира за недостатоците кои ги констатираше ДСЗИ во болницата, за што беше разрешена неговата претходничка. Тој вели дека сега ги изменаџирал сите работи. Инфективното одделение во Охрид има 10 кревети, а бројот на медицински кадар е дуплиран, посочува Балевски.

Текстот во целост на: А1ОН

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања