„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Балисти: Мразиме сѐ што е македонско, на Македонците им посакуваме - сѐ најлошо!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
28060942_1682136501808899_5256855662556674098_o-205513

Нецел месец по скандалозното видео платено од Министерството за култура за промоција на Македонија преку глорификација на навивачката група „Балисти“, фановите на Шкендија прават нов скандал со искажување неверојатни антимакедонски ставови во интервју за италијански онлајн-магазин.

— реклама —

Под наслов „Не нѐ викајте Македонци“, анонимни водачи на „Балисти“ искажуваат еден куп шовинистички изјави и говор на омраза насочени кон македонската држава и народ.

„Мразиме сѐ што е македонско и на Македонците им посакуваме сѐ најлошо“, е речисицата која најсилно одекнува читајќи го написот во магазинот „Ривиста“.

— реклама —

Тие државата во која живеат и во која се натпреварува нивниот клуб постојано ја нарекуваат Илирида, а постојано ги величаат националистичките идеи за формирање Голема Албанија. Во интервјуто го споменуваат и Вардар, својот, како што и самите велат, најголем конкурент како и навивачите на овој тип, популарните Комити

„За Комитите сме олицетворение на стравот, секогаш кога ќе го слушнат зборов 'Балисти' не можат да спијат со денови. Тие се Македонци и се потпомогнати и македонската власт. Се мразиме едни со други“, велат претставниците на „Балисти“.

Ова е кој знае кој по ред националистички испад на навивачката група, која од Министерството за култура беше „наградена“ со пари за проект за промоција на државата за која самите велат дека ја мразат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања