Балканските музички ѕвезди ќе пеат во чест на Тоше

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
Koncert-za-Tose

На големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда кој ќе се одржи во петок во VIP Арена Борис Трајковски ќе биде промовиран албумот Secret Place, со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. Тој е и автор на дел од песните, а неколку песни се заедничко дело на Тоше и познатиот англиски композитор и продуцент Енди Рајт. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео записи со Тоше.

— реклама —

Борис Новковиќ, Владо Калембер,  Александра Радовиќ, Александра Јанева, Каролина Гочева, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак, Антонија Гиговска, Александар Тарабунов се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и со кои публиката ќе ги пее најголемите хитови на Тоше, а неговиот внук Кристијан Ристески ќе ја изведе We are blood, песна која се наоѓа на новиот албум.

— реклама —

Организаторите, Фондацијата „Тоше Проески“, велат дека со овој концерт продолжува хуманата мисија на Тоше. Средствата се наменети за Домот без родители „11 Октомври“ во Скопје.

— реклама —

Концертот во петок почнува во 20 ч. Влезниците се по цена од 250 и 350 денари и може да се купат во Југотон, Розе Веро 2 и Носталгија Рекордс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања