Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Банана Филм на Милчо Манчевски: Управниот суд пресуди во наша корист, Агенцијата за филм мора да продолжи со исплатите за нашите проекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм.  Агенцијата ги стопираше исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопираше и потпишувањето на пред-договорот за филмот “Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата. „Банана филм“ тужеше, тврдејќи дека Агенцијата постапува незаконски во однос на филм кој е веќе одобрен од самата Агенција, прифатен, завршен и дистрибуиран по цел свет, но и во однос на нов проект кој веќе ги поминал сите филтри на самата Агенција.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

На минатонеделното рочиште Управниот суд го уважи барањето на „Банана филм“, па сега в.д. директорот на Агенцијата, Бојан Лазаревски, ќе мора да даде налог за исплата на преостанатите 30% по договорот за „Кајмак“ и ќе мора да склучи пред-договор и да исплати 5% за развој на сценарио за „Биста“. Доколку не ја почитува одлуката, в.д. директорот ризикува да одговара кривично за неизвршување на судска одлука.

— реклама —

„Ја пријавивме Агенцијата за филм за местени конкурси, за незаконски исплати (крадење), за судир на интереси, а тие за одмазда ни ги блокираа успешните проекти. Нашите тврдења ги потврдија и Антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Транспаренси интернешнл, инспекција на Министерството за култура. Еве, сега и судот го потврдува самоволието на филмската мафија. Се надеваме дека наскоро ќе има и соодветни казни за сторените кривични дела“, велат од „Банана филм“.

Во меѓувреме, неделава Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка против Агенцијата за филм и приватното здружение ДФРМ за испитување на забранета државна поддршка. Допис за доставување на целокупната документација е веќе доставен до Министерството за култура. Според наоди на Државниот завод за ревизија, но и на самото Министерство за култура, Агенцијата незаконски му исплатила на приватното здружение над 120.000 евра.

— реклама —

После негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Агенцијата за филм и ДФРМ, свој случај за работата на Агенцијата и на ДФРМ отвори и Антикорупциската комисија.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања