Бара оштета оти возел Форд Мондео: Автомобилот не пружа задоволство при возењето како Porsche 911

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Mondeo

Регионалниот суд во Франкфурт реши интересен случај.

— реклама —

Тужбата ја поднел сопственикот на порше 911 чиј автомобил бил оштетен во сообраќајна несреќа. Додека неговото Порше се поправало на сервисот, сопственикот поминал километри во заменет Форд Мондео.

— реклама —

Покрај надоместокот за материјалната штета на поршето, сопственикот од обвинетиот побарал и надомест за штетата за „возење во мондеото“.

— реклама —

Возењето во заменет Mondeo „не е разумно бидејќи автомобилот не пружа задоволство при возењето како Porsche 911“.

Сепак, судот го отфрли таквиот аргумент.

Иако во таков случај постои можност за надомест на штета, судот оценил дека мондеото ги исполнува сите критериуми како автомобил за замена, пишува Јутарњи.хр.

Во судската одлука се наведува дека Ford Mondeo нуди помалку уживање во возењето од 911 Porsche, но тоа е само хендикеп врз основа на лична проценка.

Тоа е неразумно барање бидејќи таквата „штета“ не подлежи на надомест. Во спротивно, би постоела опасност обврската за плаќање надомест, спротивно на законските проценки, да се прошири и на нематеријална штета.'

Одлуката на судот е конечна и сопственикот на Порше нема право на жалба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања