Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Барајте документ дека не ве пуштиле да излезете од Македонија поради пасош без “северна”, налепниците не мора да ги менувате до идната година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
296487726_2206746622814729_5782390138580891560_n

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните на Република Северна Македонија, дека согласно Правилникот за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање, објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ на 12.02.2024 година, рокот за замена на регистарските таблици кои ја содржат ознаката „МК“ и на регистарските таблици кои немаат никаква ознака или ставање на налепница на која е испишана ознаката „НМК“ се продолжува најдоцна до 31 декември 2024 година.

“Исто така, ги информираме оние граѓани кои ќе бидат спречени од страна на граничните полициски службеници да направат излез од државата поради тоа што поседуваат патна исправа со името “Република Македонија“, дека можат да побараат писмено известување во кое ќе бидат наведени причините поради кои се оневозможени да направат излез”, велат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања