Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Барањето референдум е фарса на Мицкоски, отатко пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа од гласање, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
292179632_1686344065065274_2035643987406777802_n

Барањето на Христијан Мицкоски за референдум против заклучоците на Собранието, против чиста формулација на македонскиот јазик во ЕУ е ништо друго освен негова фарса наменета исклучиво за внатрепартиски потреби.

— реклама —

Граѓаните знаат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бараа референдум и за Договорот од Преспа а на крај тој референдум го бојкотираа, вели СДСМ во реакцијата на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ

„Мицкоски го тераше членството да се потпишува на парагон блокови за референдум против пописот па на крајот се откажаа и од тоа.

— реклама —

Мицкоски и неговите пратеници не смогнаа сили ниту достоинство да гласаат против во македонското Собрание, побегнаа и од дебатата и од гласањето. Не му се виновни граѓаните за тоа.

— реклама —

Откткоа потонаа сите лаги и се виде дека ниту има бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со чист македонски јазик во ЕУ Мицкоски сака со неговото пропаѓање да ги повлече и граѓаните.

СДСМ, заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Референдум против македонски јазик во ЕУ нема да поддржиме.

— реклама —

Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев останаа изолирани на погрешната страна на историјата, против Европската унија, против стратешките определби на земјата и граѓаните“, стои во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања