Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Баша: Преодна влада со локални и парламенетарни избори за излез од кризата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
basa

Нема друг начин да се реши повеќемесечната криза во земјата, освен заминување на Еди Рама, формирање преодна влада и спроведување локални и парламентарни избори во ист ден.

— реклама —

Ова е ставот на обединетата албанска опозиција, што денеска го изнесе Љуљзим Баша, лидер на Демократската партија (ПД), по средбата со потпретседателката на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ за Европа,Катја Леикерт.

-Решавањето на оваа криза минува низ слободни и фер избори, што значи преодна влада без Еди Рама и предвремени парламентарни избори, на денот на локалните уставни избори, рече Баша по средбата што беше одржана во седиштето на партијата во Тирана. На прашањето дали Германија ќе ја преземе улогата на преговарач во решавањето на кризата, Баша не даде конкретен одговор, но истакна дека ПД е во секојдневна комуникација со меѓународниот фактор.

— реклама —

-Демократската партија и опозицијата се во постојана комуникација со меѓународниот фактор, дел од оваа комуникација беше и денешната средба со Катја Леикерт. Комуникација која продолжува интензивно скоро секој ден и ќе продолжи и во наредните денови е во служба на интересите на албанските граѓани. Ние сме подготвени заедно со граѓаните и чесните социјалисти, да покажеме капацитет и решеност за да ставиме крај на проблемите што ја блокираа европската перспектива на Албанија, рече Баша.

Баша претходно имаше средба и со германскиот амбасадор во Тирана,Јохан Сатлер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања