„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Базата падна под силен дипломатски притисок координиран со градоначалникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
baza-nefi

Граѓаните на Охрид со чудење и воодушевување вчера ја примиај веста дека почнало уривање на базата дивоградба, сопственост на политичарот и бизнисмен од ДУИ Нефи Усеини.

— реклама —

Поголем дел од охридската и македонската јавност имаше мислење дека Усеини е недопирлив и дека неговите дивоградби ќе се вечни, додека еден друг дел од јавноста составен од сопственици на дивоградби во базата на Нефи всушност гледаше одбранбен бедем за нивните нелегални објекти.

Според информации на „Охрид 1“ во Скопје се одвивала интензивна комуникација на дел од амбасадорите со раководството на партијата ДУИ , на кои јасно и недвосмислено им било укажано дека акцијата за уривање дивоградби ќе продолжи на целиот брег на Охридско Езеро и нема да ја одмине базата на нивниот Нефи Усеини, но нагласено е дека нема да ја одмине ни Струга за каде градоначалникот од ДУИ Рамиз Мерко ( спротивно на фактичката сосотојба на брегот )  тврди дека нема дивоградби и дека ќе им дозволи на сите да ги надградат и прошират објектите.

— реклама —

ПОСЛЕ ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КОНЕЧНО ПОЧНА ДА СЕ СТАВА РЕД

Јавноста во Охрид после 20 години повторно гледа власт која спроведува ред и закон, а актуелниот градоначалник Константин Георгиевски ќе остане запаметен дека во негов мандат се случи акција за ставање крај на дивеењето и узурпацијата на брегот од поедини моќници за кои со години не само што не важеа законите и не постоеше власта, туку сите претходни власти или на одреден начин беа вклопени ( по охридски шупељкани ) во круговите на узурпаторите или немаа храброст и поддршка од властите во Скопје и меѓународниот фактор.

НЕФИ СЕ ДОГОВАРАЛ И СО СДСМ И СО ВМРО ДПМНЕ

Јавноста во Охрид и земјава имаше прилика да види договор за соработка кој Нефи Усеини го потпишал со Томислав Тунтев од СДСМ, додека според добро упатени извори на „Охрид 1“ од ВМРО ДПМНЕ Охрид и „Белиот Дворец“ ист таков договор со посредување и во домот на највисоко позициониран авторитет на минатата власт бил ставен на маса пред претставник на ВМРО ДПМНЕ. Тогаш централата од Скопје дала инструкции да се одбие потпишување на договор со Нефи, а лицето посредник било ставено како што велат од партијата „на мраз“.

За да сме поблиску до вистината, од аудио „бомбата“ на која Христијан Мицкоски зборува со Зоран Милески, се слуша јасен став на Мицкоски дека несака соработка со Усеини, па и по цена да се изгубат изборите во Охрид.

Но ако објавувањето на договорите со Нефи започна со договорот со Тунтев од 2017, заврши со договорот кој ВМРО ДПМНЕ го правеле со него многу пред тоа, за изборите 2013 година преку објавената аудио „бомба“ во која Александар Николоски кажува дека Нефи не треба да се чепка бидејќи со него е направен договор за некои три згради од по 8 или 9 спратови.

Акцијата за отстранување на базата и ставот на новото раководство на ВМРО ДПМНЕ од Охрид кое во 2017 одбило во тоа време значаен авторитет да се потпише договор со Усеини покажува дека новите генерации политичари во двете партии конечно сватиле што не треба да прават и што треба да парават кога се во прашање договарањата за избори во Охрид, но и во кадровските политики за лицата на кои им даваа власт и функции.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања