Актерот Сашо Тасевски сведочи за поскапувањето на продуктите за јадење низ маркетите. Тој посочува дека пред шест години, со 1600 денари можело да се купи храна за четири дена, а сега, само за еден оброк.
Сега се вратив од маркет. Ова на сликава чини 1600 денари. Истото пред три месеци чинеше 1300 денари. Што правите со цениве бе? У време на Груевски со 1600 денари можеше храна за четири дена да купиш по три оброка. Сега имаш за еден ручек и трипати да доручкуваат пет луѓе. Ееееј цело лето има луѓе само еднаш лубеница пробале. Кога било ова порано? Лубеница да не пробаш“, пишува Тасевски.
„Ова е вашата земја социјалдемократи. Беда. Маричиќ ти ова на сликава за ужинка го јадеш. Таче прашај ги келнерите на Блед дали ќе не посинат и поќеркат. Тие што не се враќаат, не се враќаат“, додава тој.