„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Бегството на Груевски можно да биде дел од извештајот на ЕК за Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
grujo-1

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и добивањето политички азил од Унгарија станаа дел од агендата на дејствување на европските социјалдемократи и на зелените кои најавија дека ќе поднесат амандмани на резолуцијата на известувачот Иво Вајл за напредокот на Македонија за којшто треба да се гласа следната недела.

— реклама —

Социјалдемократите наведуваат дека Груевски треба да одговара пред македонскиот судски систем и ја повикуваат Унгарија како земја членка на ЕУ да го почитува владеењето на правото и да го екстрадира Груевски во Скопје. Социјалдемократите очекуваат сите засегнати страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните национални и меѓународни закони.

— реклама —

Тие во друг амандман бараат извештајот исто така да нагласи дека „по транспарентен судски процес, Никола Груевски е осуден од македонските судови за злоупотреба на функција на две години затвор, дека повеќе судови ја потврдија пресудата и одлуката влезе на сила откако ги искористија сите права на жалби, дека е обвинет во четири други кривични предмети и пет други кривични истраги во кои тој е инволиварен, а се во тек“.

— реклама —

Зелените, пак, ги повикуваат унгарските власти да ги дадат сите релевантни информации и потребни објаснувања коишто се однесуваат на случајот со Груевски, кој, како што се вели, избегал од својата земја со тајна диплломатска поддршка од Унгарија. Наведуваат дека ова е случај на мешање во внатрешните работи на ПЈРМ и, посебно, чин на презир кон судството и владеењето на правото во оваа земја и ги нотираат барањата за екстрадиција од страна на властите во Скопје и очекувањата Унгарија да се однесува стриктно согласно националните и меѓународните закони со тоа што ќе одговори позитивно на ова барање.

Засега е неизвесно дали и кои од овие амандмани ќе бидат поддржани од европратениците идната недела, но извори во Европскиот парламент за МИА велат дека се очекува да има мнозинство за амандманот на социјалдемократите, вклучително и со гласови од Европската народна партија, освен, најверојатно, унгарските пратеници.

Од друга страна портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач потврди дека Унгарија не може да дава официјални информации за азилот на Груевски. Во текстот објавен на страницата на ПР службата на унгарската Влада, се објаснува дека е „забрането“ да се споделуваат такви информации согласно унгарскиот закон за право на азил и дека таква обврска на информирање земјата има само кон Обединетите нации.

Поради недостаток на информации за стекнатиот статус на Никола Груевски во Унгарија, засега е нејасно точно какви права и обврски му следуваат, односно дали и кога ќе може да патува надвор од Унгарија во другите земји на Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања