Амбасадорот Џес Бејли на Твитер објави фотографија од знамето пред Амбасадата на САД кое е на половина копје поради загинатите во вчерашната автобуска несреќа.
„Длабоко сме во тага поради трагичната загуба на животи на автопатот Скопје-Тетово. Од името на Американската амбасада, упатуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите и до жителите на Гостивар. Нашите мисли и молитви се со повредените за нивно брзо опоравување, напиша амбасадорот Бејли на Твитер.
https://twitter.com/AmbBaily/status/1095985030504112128?fbclid=IwAR34cgkX9dEukWE8mV_2ABsDde-j3hmNsGFZxBKrsZ3LTC4KdHVtl0EWf4Y