Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Беким од ДУИ осомничен за упадот во М-НАВ држи состаноци со Груби и Османи, откако пред десет дена беше пуштен од куќен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2024-02-07-at-22.16.50-1

Беким Незири кој е осомничен во предметот за упадот во М-НАВ, вечерва бил на партиски состанок на ДУИ во Чаир, заедно со Артан Груби и Бујар Османи. За тоа се пофали и на социјалните мрежи. Незири пред десет дена беше пуштен од куќен притвор. Тој е претседател на партискиот огранок на Чаир на партијата.

„Суат Алија, оперативниот секретар на огранокот Чаир, ќе раководи со штабот на огранокот Чаир! Почитувани членови, симпатизери и високо почитувани граѓани на Чаири, Ве известувам дека на состанокот одржан вечерва, огранокот Чаир предложи и едногласно одобри на чело на Штабот на Чаири да биде Суат Алија, а заменик шеф на кабинет Бујар Османи и Артан Груби. Секретар на Штабот ќе биде Назим Буши, како и член на раководството на Штабот Ејуп Алими. Со овој избор, изборот на локалните шефови на кабинети, шеф на кабинет на Младинскиот форум и Секретаријатот за еднакви можности, полека се формира структурата на штабот и победничкиот тим. Посакувам од се срце да имаме достоинствена кампања, да се натпреваруваме со конкретни програми и проекти и да го извојуваме најдоброто за граѓаните, што несомнено ќе биде Демократската унија за интеграција со нашиот лидер, лидерот на Албанците Али Ахмети!“, напиша Незири.

— реклама —

Тој е осомничен за упадот во М-НАВ, каде беа тепани контролори на летање.

— реклама —

Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за да Незири остане во куќен притвор.

— реклама —
WhatsApp-Image-2024-01-05-at-21.23.48

Обвинителите „се судрија“, Незири ќари слобода - на судиите не им било јасно образложнието па го пуштиле од куќен притвор

Обвинителот од скопското Обвинителство кој го гони Беким Незири од ДУИ за упадот во М-НАВ бил дециден дека осомничениот требало да остане во куќен притвор, истовремено, виш обвинител посочил дека треба да биде пуштен да се брани од слобода. Според обвинителот кој ја води истрагата против Незири, постои страв осомничениот да уништи траги, да влијае врз сведоци, а не е извршено ниту вештачењето на мобилниот, се прибираат докази. Сето ова за нивните колеги од повисокото Обвинителство не се факти за

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања