Беким Сали е името на предлогот за нов министер за здравство, кадар на Алијанса како дел од Владата. Ова го потврди и премиерот Зоран Заев. Тоа значи дека министерот Венко Филипче ќе биде сменет од функцијата, иако во неколку наврати, Заев не прифаќаше тоа да се случи посочувајќи дека тој е важен за справување со кризата предизивката од коронавирусот.
„Секако, претседателот Африм Гаши сподели нивни размислувања. Треба органи и тела да одлучуваат. Едно од решенијата е Беким Сали. За мене е прифатливо. Ние ќе разговараме и со партнерите. Во следните неколку недели ова треба да се реализира“, кажа Заев.
Беким Сали е оженет и татко на три девојчиња. Стоматолог по професија, има сопствена ординација и бизнис со текстил. Во трката за градоначалник на Чаир на локалните избори беше предлог од Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги изгуби изборите.
„Македонија немала подобар министер од Венко Филипче за здравство“, кажа Заев.
Заев соопшти што добива Алтернатива: Три министерства, три заменици-министри, директорски позиции
Министер за здравство, Министер за информатичко општество и администрација и министер за дијаспората, добива Алијанса со влегување во Владата, соопшти премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека Алтернатива ќе добие и три заменици министри, Министерството за култура, Министерството за образование и наука и третиот ресор треба да се прецизира иако се зборувале за Министерството за земјоделството.„Од поважните се МЕПСО, Фонд за пензиско и здравствено осигурување, Агенција за странски инвестиции, Тетовск
Македонија | пред 4 години