Беќаровски и одговори на германската амбасадорка за „банкнотите во белиот мантил“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Коментари
doktor-niko

Д-р Нико Беќаровски ѝ одговори на германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, која минатата недела изјави дека сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе отидат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, во насока а спречување на корупцијата.

— реклама —

„Како човек кој 33 години работи во јавното здравство, најодговорно Ви тврдам дека >90% од здравствените работници во Македонија, најсовесно си ја вршиме својата работа и НИКОГАШ не би побарале или зеле мито од било кој пациент, иако платата на секој здравствен работник во мојата земја, е помала од две обични дежурства на соодветен здравствен профил, во Вашата прекрасна земја.

— реклама —

Најголем дел од здравствените работници во мојата земја се материјално сиромашни, но многу чесни и вредни работници, кои својата професија ја одбрале од љубов, а не за материјален интерес, бидејќи носењето на БЕЛИОТ МАНТИЛ во Македонија, но и во екс Југославија, никогаш не била добро платена професија.

— реклама —

Всушност секоја година 200-300 здравствени работници од мојата земја, ја прифаќаат Германија како своја втора татковина и ниту еден од нив, никогаш не бил вклучен во било каков коруптивен скандал во Вашата земја, туку напротив трудољубиво и беспрекорно се вклопуваат во Вашиот перфектно уреден здравствен систем.

Почитувана амбасадорке, ако навистина сакате да и помогнете на мојата земја и да ни помогнете да ја обелиме извалканата боја на нашите мантили од корумпираните наши колеги, НАТЕРАЈТЕ ГИ ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ВЕДНАШ ДА ДОНЕСАТ ЗАКОН ЗА ПОТЕКЛО НА ИМОТОТ ОД 1991 ГОДИНА ДО ДЕНЕС.

Со тој едноставен законски акт ќе се направи јасна диференцијација во целото општество, а не само во здравството и образованието.

Почитувана екселенцијо, на крај дозволете најдлабоко да Ви се заблагодарам Вас како амбасада, на Вашиот претходен амбасадор и на сите германски државјани, за посетата и донацијата обезбедена од Ваша страна за УК токсикологија во 2018 година, во медицински инвентар кој се уште секојдневно се користи од нашите пациенти и да Ве поканам и ВИЕ да ја посетите нашата Клиника и непосредно да се запознаете со медицинскиот персонал“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања