Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Бектеши е дома, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-05-15-at-14.37.45

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета со куќен притвор, со одлука на судот, а по предлог на Обвинителството. Информацијата за „Скопје1“ на потврди неговиот адвокат Еленко Милаков, кој посочи дека ќе го разгледа решението, па ќе одлучи дали ќе бара укинување и на оваа мерка за обезбедување присуство. Бектеши помина два месеци во притвор.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот за пожарот во дискотеката "Пулс" ги привршува дејствијата на распити на сведоци - очевидци на настанот, соопштија вчера оттаму.

— реклама —
— реклама —

„Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика. Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди. Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“, велат од Обвинителството.

— реклама —

Бектеши е осомничен во делот на издавање на лиценцата на дискотеката „Пулс“ која функционирала додека тој бил на министерската позиција. Лиценцата, според Обвинителството, била потпишана од него, како и секоја друга. Но истовремено, дискотеката не ги исполнувала критериумите за безбедност, за да може да работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања