Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бектеши призна дека владата толерира неплаќање на струја и криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Скандалозна е изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши со која го правда крадењето на електрична енергија и се релативизира овој криминал. Да кажеш дека во Арачиново се краде само 10% од целата струја која што се краде во Македонија е бесрамно и доколку бевме нормална држава тој веќе ќе се збогуваше со министерската и политичката кариера. Всушност Бектеши признава дека владата толерира неплаќање на струја и криминал, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Според информациите на медиумите само во Арачиново се „крадело струја“ во износ од над 6 милиони евра годишно, а овие загуби потоа ги плаќаат сите. Само една трафостаница во Арачиново покажува 96,1 отсто украдена струја, а речиси сите останати имаат над 50%. Владата е должна да одговори каде и колку се краде струја во Македонија и да ги санкционира сите, бидејќи нивниот криминал го плаќаат оние кои што редовно ги подмируваат сметките.

— реклама —
— реклама —

Наместо преговори и договарања за очигледна злоупотреба, треба да има пријави, а во исто време и истрага кој дозволувал и толерирал вакво поведение. Ги повикуваме надлежните органи да го испитаат овој случај, а прв кој треба да даде исказ е самиот министер кој треба да ги даде сите информации каде и колку струја се краде во Македонија, штом веќе ги знае.

— реклама —

Ова е уште еден доказ дека криминалот на поединци и функционери од власта се причината поради која народот плаќа поскапа струја. Поради криминалот и корупцијата Македонија е земја во која некои се богатат на грбот на огромното мнозинство граѓани кои осиромашуваат. Власта е генераторот на кризи и криминал во Македонија и за тоа мора да понесат одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања