Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Бектеши: Со законот за нефер трговски практики ќе се намалат цените на храната и ќе се зголеми квалитетот на производите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Со новиот закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи ќе се регулираат 26 нефер трговски практики. Неговата примена очекуваме веднаш да влијае во намалување на цените на земјоделските и прехранбените производи, а со тоа и на квалитетот на производите. Законот ќе ги уредува условите и начинот како ќе се врши трговија со земјоделски и прехранбени производи“, рече министерот за економија, Крешник Бектеши, пред претставници на Стопанската комора на Северна Македонија, каде што го презентира новото законско решение, кое е веќе објавено на Електронскиот национален регистар на прописите (ЕНЕР) и во наредните 20 дена е отворен за дискусија и забелешки.

— реклама —


Министерот рече дека по завршување на дебатата за законот, финалниот текст ќе биде доставен до Владата и потоа предложен до Собранието да се носи со европско знаме, со оглед на тоа што во него се транспонирани најголем дел од европските регулативи.

— реклама —


„Сакаме преку дијалог и презентации, на кои ќе бидат вклучени сите засегнати страни, да се изнајде најдоброто решение за производителите и за трговците. Ова законско решение ќе ги уреди условите и начинот како ќе се врши трговија во делот на земјоделски и прехранбени производи и нема да се дозволи да се користи моќта на одредена компанија врз другите компании. Ова законско решение би требало веднаш кога ќе почне да се применува, да влијае врз намалување на цените на прехранбените и земјоделските производи, да влијае врз подобрување на квалитетот на производите, како и да ги зголеми предвидливоста и сигурноста за работа и на доставувачите и на купувачите“, појасни Бектеши.

— реклама —

Потенцира дека првпат во државата се носи вакво законско решение, во кое има наведено 26 нефер трговски практики, кои ќе се уредуваат.


„Во законот исто така е наведено процентуално колку може да биде максималниот рабат што маркетите може да го бараат од производителите и доставувачите. кои сега надминуваат над 30-40 % од цената. Со ова решение ќе биде ограничено на 10 % и во склоп на тоа ќе конкурираат меѓу себе синџирите супермаркети, што ќе влијае во намалување на цените“, рече Бектеши.

— реклама —

За непочитување на законските одредби, засега во предлог-решението се предвидени глоби до 20.000 евра, но министерот Бектеши рече дека и за овој дел од текстот ќе се разговара дополнително.


За приспособување на компаниите кон понудените решенија е одреден рок од шест месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања