Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.

Во дописот се наведува дека претседателот и неговиот персонал имаат „апсолутно дискрециско право”, во поглед на пристапот на новинарите и интервјуата.

— реклама —

Дописот беше испратен истиот ден кога многу други медиумски организации, меѓу кои и Фокс Њуз, ја објавија својата поддршка за Си-Ен-Ен.

На известувачот на Си-Ен-Ен Џим Акоста му е одземена акредитацијата по бурна вербална комуникација со претседателот Трамп.

— реклама —

Светот го обиколи снимката на која Трамп му вели  на Акоста „невоспитани сте и грда личност”, бидејќи тој продолжи да поставува прашања и не и го враќаше микрофонот на младата приправничка во Белата куќа.

— реклама —

Потоа, Белата куќа му ја одзеде акредитација на новинарот, што ќе остане „во сила на неодредено време“, но објасни дека со оваа мерка Акоста бил казнет за упорните прашања, но и поради несоодветно однесување кон приправничката.

Си-Ен-Ен поднесе тужба против претседателот и неколку негови соработници. Рочиштето беше во Вашингтон вчера попладне по американско време.

— реклама —

Спротивно на тужбата на Си-Ен-Ен, во дописот се тврди дека „ниту еден новинар нема право според Првиот амандман да влезе во Белата куќа”.

Исто така, се наведува дека Акоста истиот ден, а подоцна и писмено добил известување за причината за забраната и се истакнува дека пристап му е забранет поради тоа што „ги прекршил новинарските правила.” 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања