Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Белгиски угостител постави светски рекорд: пржеше помфрит повеќе од 150 часа без прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-library45pdgqngu7j68evyrrQ
фото: unsplash

Белгискиот угостител Јеф Де Вос постави светски рекорд во непрекинато приготвување помфрит, откако во својот киоск во белгискиот град Равелс поминал најмалку 150 часа без прекин покрај фритеза.

Сопственикот на локалот „El Leker“ го срушил претходниот рекорд кој го држел негов колега од местото Мерелбеке-Меле, откако речиси шест дена со минимални паузи непрекинато подготвувал помфрит, пренесува VRT.

— реклама —

Де Вос, кој пржи помфрит без прекин од 13 часот минатиот четврток, навел дека за време на подготовката правел кратки паузи во утринските и вечерните термини, додека најтешки моменти биле раните утрински часови кога немало муштерии.

— реклама —

„Не можеш целосно да се подготвиш за ваков притисок, но одлучив да одам до крај“, рекол тој.

— реклама —

Неговата партнерка Маријан Биленс истакнала дека целиот подвиг барал извонредна организација и заеднички напор, со постојана работа без разлика на заморот.

Де Вос додал дека за време на „маратонoт“ го изгубил апетитот за помфрит, иако претходно често јадел додека работел.

„Гледав премногу помфрит овие денови, па желбата малку ми се намали“, рекол тој.

Иако рекордот веќе е официјално срушен, белгискиот угостител планира да продолжи да работи до 200 часа, односно до крајот на неделата. Според неговите зборови, целиот вишок храна во текот на ноќните часови не бил фрлан, туку бил дониран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања