Промени тема
Контакт

„Белград е новиот Берлин“: Како еден француски весник ја гледа српската престолнина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
knez-mihailova-belgrad

Француски дневен весник во својот извештај наведува дека Белград станал новиот Берлин каде секојдневно се одржуваат бројни културни настани на брегот на Сава.

Старите и запуштени места од падот на режимот на Слободан Милошевиќ во 2000 година се трансформирани во згради со културни настани и забавни вечери на новата белградска сцена, така што навистина се случи вистинска културна револуција, пишува францускиот весник Фигаро.

— реклама —

Во деталниот опис на Белград, весникот пишува дека градот со 1,6 милиони жители, кој во текот на својата долга историја од римско време бил уништен триесетина пати, сега има нов изглед.

„Ослободена е цела генерација креативни луѓе кои вегетираа за време на војните во 1990-тите“, рече извршниот директор на Миксер Хаус, Иван Лалиќ.

Белград пред Њујорк: „Динамичен и атрактивен град“

— реклама —

Генерацијата која не се гледаше себеси поврзана со тешките и инертни институции наследени од поранешна Југославија кои имаа монопол на сите културни настани, создаде единствен фронт на претприемачи, дизајнери, архитекти и уметници од сите профили.

Таа нова генерација виде на такви места единствена можност да ја врати обалата на Сава во срцето на градот, според Фигаро.

— реклама —

Движењето го започна архитектот Александар Родиќ, познат како Рода, пионер во метаморфозата на магацинот Бетон Хол, кој беше напуштен кога пристаништето се пресели од бреговите на мирната Сава до бреговите на моќниот Дунав на крајот на седумдесеттите. На тоа место во близина на ѕидините на тврдината Калемегдан, сега има десетина ресторани, модерни барови и ноќни клубови, каде што се игра до утро.

Во Белград е и старото пристаниште Савамала, кое сега зрачи со алтернативниот и празничен дух на „Новиот Берлин“, пишува Фигаро, опишувајќи го новиот изглед на пристаништето, кое го задржало индустрискиот и автентичниот аспект на просторот, со изложени цигли и метални скали.

Ниту забава, ниту храна: Туристите во Белград доаѓаат главно за една работа

— реклама —

Сега има концерти, книжевни вечери, изложби, а за викендите настапуваат различни диџеи на места со зачуван мебел од педесеттите, но и декор кој симболично потсетува на темниот период од деведесеттите, ембаргото и канти со бензин на црниот пазар.

Францускиот весник ги споменува и Скадарлија и плоштадот Дорчол, но и Гардош и културните настани на брегот на Дунав.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p90cq3bgvrkbu4F7c6

Овие работи гостите најчесто ги забораваат во хотелските соби: Проверете ги овие места пред да си заминете

Патувања | пред 4 седмици

— реклама —
media-libraryna0vn4eno53v9ZymqG4

Сакате на море во септември? Овие места се меѓу најдобрите избори

Патувања | пред 1 месец

media-library5u5hreqf7pv49igoYSf

Патувате сами? Ова се најважните совети за безбедно соло патување

Магазин | пред 3 месеци

media-librarys3d8jkukenj2fgVSGXt

Новиот тренд на патувања го освојува светот: Луѓето масовно одат на овие места поради едно посебно искуство

Патувања | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања