„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Белград во фокусот на Марта Кос: „Имаме проблем“, Зелените бараат реакција од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
Marta-Kos

Еврокомесарката за проширување Марта Кос жестоко одговори на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на протестот во Нови Сад ги нарече европратениците „олош“. Таа предупреди дека ваквиот речник покажува „сомнителен однос кон демократијата“ и дека Србија со тоа дополнително го нарушува сопствениот меѓународен углед.

— реклама —

„Имаме проблем во Белград“, изјави Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате Мајнл-Рајзингер во Виена. Таа нагласи дека нападите врз европратениците, како и антиевропските ставови на претседателот Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, не можат да ѝ донесат на Србија подобар имиџ во Европа.

Кос потсети дека властите во Белград имаат преземени обврски пред претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и пред неа лично. „Советот за српската влада е јасен – фокусирајте се на реформите што се ветени. Тоа подразбира независно судство за борба против корупцијата, слободни медиуми и изборен закон што ќе гарантира дека мнозинството во парламентот го одлучуваат само граѓаните“, рече таа.

— реклама —

Според Кос, граѓаните имаат право на протест, но насилството и вандализмот мора да престанат, при што полицијата треба да дејствува соодветно и во целосно почитување на човековите права.

Вучиќ, пак, ги обвини европратениците дека „се мешаат во внатрешните работи на Србија“ и најави дека сите кои „се обидуваат да ја уништат Србија однадвор“ ќе одговараат според законите.

Во меѓувреме, петмина водечки претставници на Европската зелена партија побараа од институциите на ЕУ јавно да ги осудат личните навреди, заканите за кривичен прогон и дезинформациите што, како што велат, доаѓаат од српскиот претседател.

Во заедничко писмо, што копретседателката Вула Цеци го објави на „Икс“, Зелените порачаа дека авторитарната реторика на Вучиќ и полициската интервенција во Нови Сад на 5 септември се закана за европските вредности. Писмото е испратено до Урсула фон дер Лајен, Роберта Мецола и Антонио Кошта.

Потписниците бараат лидерите на ЕУ итно да ја следат ситуацијата во Србија – од третманот на мирните демонстранти и опозицијата, до состојбата со независните медиуми – и да потврдат дека земјите кандидати мора да ги почитуваат највисоките демократски стандарди.

„Европската Унија не смее да премолчува пред авторитарниот дискурс и заплашувањето. Ги повикуваме институциите на ЕУ да ги заштитат европските вредности, да ја поддржат српската јавност и да појаснат дека ваквите закани се неприфатливи“, се вели во писмото.

Зелените нагласуваат дека секогаш ќе ги поддржуваат мирните протести како темел на демократијата и предупредуваат дека „репресивните постапки и заканите на Вучиќ ја поткопуваат европската иднина на Србија и ги предаваат стремежите на нејзините граѓани“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања