Промени тема
Контакт

Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат кај граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Пресудата за предметот Талир 2 е победа на правдата врз најголемите корупциски скандали на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ

„Во овој предмет осуден е криминалецот во бегство, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а судот донесе одлука да се заплени Белиот дворец и уште триесеттина имоти на ВМРО-ДПМНЕ.

По правосилноста на пресудата, Белиот дворец треба да се продаде и парите да се вратат онаму каде што припаѓаат, кај оние од коишто им е одземен а тоа е се граѓаните.

— реклама —

Тоа е правично и праведно, парите да се вратат кај граѓаните, затоа што тоа се пари на граѓаните.

Во тој луксузен дворец проценет на седум милиони евра, има кинески лустери од над 20.000 евра, подни плочки од 100.000 евра, дрвен паркет од Италија од 76.000 евра, теписон од 20.000 евра, вазна од 180 000 евра.

— реклама —

Тоа се сериозни средства кои во време на светска економска криза можат да се искористат за помош кон граѓаните и домаќинствата.

— реклама —

По пресудата ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат право, ниту образ да зборуваат за било што а особено не за економијата и животниот стандард на граѓаните.

Судски пресуди потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, очигледно се уште раководена од Никола Груевски, која не може да излезе од режимско криминалната матрица“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања