„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
berlin

   Германската Влада смета дека прашањето за воените репарации кон Грција е „правно и политички затворено“, изјави портпаролот на Владата во Берлин, Штефан Зајберт, одговарајќи на новинарско прашање за новите претензии од некои грчки политичари.

— реклама —

– Навистина многу пати сме го разгледувале тоа прашање. Нашата позиција е дека прашањето за германските репарации е правно и политички завршено. Таа позиција не е променета. освен тоа, во врска со ова прашање нема никакви официјални чекори од страна на грчките власти, истакна Зајберт.

Тој нагласи дека нема никаква информација за договор меѓу грчката и полската влада за појава на нови претензии за репарации од Германија.

— реклама —

Според некои западни медиуми, кои се повикуваат на владини извори во Атина, грчкиот претседател Прокопис Павлопулос би можел повторно за време на посетата на германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер денеска и утре, да ги постави на дневен ред претензиите на Грција за стотици милиони германски репарации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања