Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Берово најстудено утрово со -6 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
berovo

Најниска утринска температура денеска е измерена во Берово, каде живата во термометарот се спушти до -6 степени Целзиусови, покажуваат податоците од метеоролошките мерења.

— реклама —

Во повеќе градови температурите биле под нулата. -3 степени се измерени на Попова Шапка, во Лазарополе, Маврови Анови и Битола, додека -2 степени се регистрирани во Струмица, Крива Паланка и Крушево.

— реклама —

Минус еден степен е измерен во Претор и Гевгелија, додека нула степени се регистрирани во Прилеп, Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Охрид и Велес.

Во изминатите 24 часа врнежи се забележани на Попова Шапка со 3 литри на метар квадратен, како и во Тетово и Пожаране со по 1 литар на метар квадратен. На Попова Шапка има и снежна покривка од 65 сантиметри.

— реклама —

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а максималната температура ќе се движи од 12 до 18 степени.

— реклама —

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со максимална температура до 17 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Температурите денеска до 13 степени, во Скопје до 12

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Променливо облачно време, утринска магла во одделни котлини

Скопје | пред 2 дена

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Денеска променливо облачно и релативно топло, температурите до 21 степен

Македонија | пред 3 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Променливо облачно време, во западните делови можен слаб дожд

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања