Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Берово најстудено утрово во Македонија, измерени -3 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
berovo

Берово е најстуденото место во Македонија утрово, каде е измерена минимална температура од -3 степени Целзиусови. Температури под нулата се регистрирани и во Лазарополе и Битола, каде утринската температура изнесувала -1 степен.

— реклама —

Според измерените податоци, во Попова Шапка, Струмица и на мерното место Скопје-Петровец бил измерен 0 степени. Во Демир Капија, Крива Паланка, Тетово и Маврови Анови температурата изнесувала 1 степен, додека во Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Крушево, Претор, Скопје-Зајчев Рид и Кавадарци биле измерени 2 степени.

Во Виница и Гевгелија утринската температура достигнала 4 степени.

— реклама —

Во изминатите 24 часа, најмногу врнежи се регистрирани во Маврови Анови, каде наврнале 6 литри на квадратен метар. Следуваат Охрид со 5 и Попова Шапка и Прилеп со по 4 литри на квадратен метар.

— реклама —

Променливо облачно време, попладне засилен ветер

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта, претежно во западните делови од земјата, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен ветер, кој попладне на места повремено ќе биде засилен до силен, претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 15 до 19 степени.

— реклама —

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денеска температурите до 19 степени, попладне засилен јужен ветер

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library438o1mepvc4jeYLflvt

Силен ветер и дожд во Македонија, УХМР издаде предупредување

Македонија | пред 2 дена

media-library438o1mepvc4jeYLflvt

УХМР издаде метеоаларм: Силен ветер со брзина над 60 километри на час

Македонија | пред 3 дена

275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Нестабилно време со дожд и засилен југозападен ветер, температурата до 22 степени

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања