Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Беса: Фирмата „Еуровија“, што го доби тендерот, има зголемување над 100 проценти на приходите во последните две години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Деловниот однос на ДУИ со компанијата што го доби тендерот од 1 милион и 800 илјади евра е очигледен и тоа јасно го докажуваат приходите и профитите на предметната компанија во последните години, изјави Хасим Муртезини од Движењето Беса.

— реклама —


Тој рече дека се работи за фирма, која, според официјални податоци, во последните две години, во 2021 и 2022 година, има зголемување повеќе од 100 проценти на прометот на приходите, односно сериозно зголемување на годишната добивка.

— реклама —


Според партијата, нема човек што би поверувал во изјавите на министерот Бујар Османи дека тој навистина не бил свесен дека компанијата што 0доби тендер од 1 милион и 800 илјади евра е донатор на ДУИ.

— реклама —

Движењето Беса ги повикуваа сите надлежни органи, почнувајќи од Јавното обвинителство, антикорупциската комисија и Државната ревизија, веднаш да почнат со испитување и детаљно разгледување на тендерската документација за да се открие вистината како од сите пријавени фирми тендерот од 1,8 милион евра го добила токму фирмата донатор на ДУИ.


— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања