Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Беса предложи законски измени - етничката припадност да стои во личната карта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
licna-karta

Етничката припадност на граѓаните во иднина ќе биде запишана и во нивните лични карти, доколку Собранието ги донесе измените на Законот за лична карта, што пред неколку дена ги поднесоа четворицата пратеници на владејачката Беса, објави 360stepeni.mk. 

— реклама —

Предлог-измените се поднесени во скратена постапка, со оглед на тоа што со нив се интервенира во само неколку члена. Од Беса очекуваат поддршка и од другите пратеници од владејачкото мнозинство за донесување на законот, за кој, како што велат, била постигната согласност при потпишувањето на договорот за коалицирање со СДСМ, пред годинашниве парламентарни избори.

— реклама —

Вакви измени на Законот за лична карта, како што вели пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, беа предложени и во минатиот собраниски состав, ама не дојдоа до гласање поради распуштањето на парламентот.

— реклама —

„Претходната влада, исто така, тогаш поднесе и други измени на Законот за лична карта, со цел оваа материја да се усогласи со уставните амандмани што произлегоа од Преспанскиот договор и со Законот за прекршоци, во делот на намалување на казните. И тие решенија сега се дел од измените што ги предлагаме“, вели Реџепи за „360 степени“.

Текстот во целост на:  360stepeni.mk. 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања