Ги посетивме сите пациенти сите се во стабилна состојба. Станува збор за полесни повреди, изјави Министерот Филипче за бугарските медиуми.
Тој додаде дека ќе ја следат состојбата на пациентите и истите ќе бидат префрлени во Скопје на понатамошно лекување.
Исто така и премиерот заев беше во посета на преживеаните. Тој изјави дека ќе остави бугарските експерти да го истражат случајот.
„Јас ќе оставам на бугарските експерти да ги дадат на стручен начин анализите за несреќата. Кога настанува пламенот во автобусот, на задните седишта успеале да го скршат прозорецот и да се спасат овие седум луѓе. Веќе членови на семејствата од Скопје се дојдени овде, имаа можност да ги видат своите роднини и да поразговараат. Сите се граѓани на република Македонија, еден граѓанин е од Прешево во Србија, а во листата и еден со белгиско државјанство. Министерот за внатрешни ме информираше дека Беса транзит Скопје е фирмата превозник“, вели Заев