Мохамед Салах сѐ уште е без клуб откако на 30 јуни заврши неговата деветгодишна етапа во Ливерпул, а сѐ уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Иако долго време се шпекулираше дека египетскиот напаѓач ќе се пресели во Саудиска Арабија, во последните недели најсериозен кандидат за неговиот потпис е турски Бешикташ.
Сепак, преговорите меѓу двете страни засега се во застој поради високите финансиски барања на Салах.
Спортскиот директор на Бешикташ, Ондер Озен, откри дека тој и тренерот Винченцо Италијано трипати разговарале со египетската ѕвезда.
„Мохамед Салах е глобална ѕвезда и фудбалер со огромен меѓународен углед. На почетокот преговорите се одвиваа многу добро, но по 21 јули значително забавија. Нашиот претседател процени докаде можеме да одиме и тука ја повлече границата. Донесовме рационална одлука и во моментов ги прекинавме преговорите“, изјави Озен.
И покрај тоа, можноста за трансфер сè уште не е целосно отфрлена. Бешикташ не ја повлекол понудата според која Салах би заработувал 15 милиони евра по сезона, но му поставил рок од 24 часа да се изјасни.
Доколку египетскиот напаѓач не ги прифати условите во предвидениот рок, турскиот клуб ќе се насочи кон други решенија за засилување на нападот, со што шансите Салах да го облече црно-белиот дрес значително ќе се намалат.