Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бесими на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_3

Влијанието нa конфликтот во Украина врз економијата во глобални рамки, како и ценовната и енергетската криза ќе бидат главните теми на кои ќе се разговара на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, кои оваа недела се одржуваат во Вашингтон, а на кои ќе учествува делегација од РС Македонија предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка на РС Македонија Анита Ангеловска-Бежоска.

— реклама —

Во рамки на Годишните средби во Вашингтон министерот ќе оставари повеќе состаноци со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции, меѓу кои со извршниот директор на ММФ Пол Хилберс, шефот на Мисијата на ММФ за РС Македонија Бергјот Бјорнсон Баркбу, регионалниот претставник за Западен Балкан Штефани Ебле и директорот на Одделот за Европа на ММФ Алфред Камер, како и со извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе, потпретседателот на Светска банка Ана Бјерде, регионалниот директор за Западен Балкан Линда Ван Гелдер и директорот на Светска банка за земјава, Масимилијано Паолучи.

— реклама —

За време на престојот во Вашингтон, министерот Бесими ќе се сретне и со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, а ќе има состаноци со претставници на Трезорот на САД.

Министерот за финансии на средбите ќе ги истакне клучните среднорочни приоритети на Владата насочени кон остварување одржлив раст и реформите што се преземаат во таа насока, но и краткорочните, кои произлегоа од актуелната ценовна и енергетска криза, засилена со конфликтот во Украина и евентуалните потреби за поддршка.

— реклама —

Приоритетите на РС Македонија годинава се насочени првенствено кон обезбедување ценовна стабилност со цел одржување макроекономска и финансиска стабилност. За оваа цел беше донесен сет од 26 мерки во вкупна вредност од 400 милиони евра насочени кон поддршка на животниот стандард на населението, ликвидност на компаниите и финансиска поддршка на компаниите преку Развојна банка. Иако, кризата наметна краткорочно потребите да се насочат на одговор на ценовната и енергетската криза, на среден и долг рок останува определбата за фискална консолидација, во насока на намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и остварување стапки на економски раст, кои поради кризата претрпуваат надолна ревизија, но важно е дека остануваат позитивни. Во вакви кризи од големо значење се темелни анализи и да се дизајнираат мерки што ќе одговорат на она што е итно и структурни реформи на среден рок со цел во иднина да се обезбеди постабилен раст на економијата и да се создаде механизам што ќе овозможи полесно надминување на евентуално нови кризи кои бараат одговор во краток рок.

— реклама —

Овогодинешните средби, првпат по две години се одржуваат со физичко присуство, односно во хибриден формат, и на едно место ќе бидат присутни министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на бизнисот, невладиниот сектор и експерти кои ќе дебатираат на актуелни прашања што се од интерес за целиот свет, предизвиците со кои се соочува и можностите за нивно надминување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања