Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Бесими најави зголемување на ДДВ и на персонален данок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
besimi

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, во емисијата „Економски магазин“ на Алсат, беше директно запрашан кога општините може да очекуваат повеќе пари, рече дека Владата има план за зголемување на даноците, вклучително и ДДВ во, но и персоналниот данок. Според Бесими, ова ќе започне да се реализира од 2022 година, за да продолжи во 2023, 2024 година и во зависност од процентот во 2025 година.

— реклама —

„Општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи ќе добијат средства од „Фондот за перформанси“, а од „Фондот за изедначување“ ќе се обезбедат средства за општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи“, вели тој и додава дека примената на „Фондот за перформанси“ треба да оди со внимателен процес на транзиција со поддршка од централните институции со цел зајакнување на локалните фискални институции во општините коишто значително потфрлуваат во оваа компонента, а не секогаш по нивна вина. Ако има зголемување на даноците, и на ДДВ и на персонален данок, што ќе произлезе од анализата, имаме некои проценки. Заедницата за локална самоуправа (ЗЕЛС) има неколку проценки за нив, како и за работната група што е формирана во владата, во која членуваат ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, Министерството за политички систем и други оддели, тие имаат заеднички точки, всушност ќе се појави предлог за кој ќе разговараме поконкретно на ниво на бројки и динамика“, рече Бесими.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања