Бесими уверува: Ќе има доволно пари во буџетот и за евентуален втор шок од кризата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
besimi

Новиот министер за финансии Фатмир Бесими во неговото прво интервју за МИА по преземање на оваа функција вели дека има средства за буџетот да се извршува непречено, односно редовно да се исплаќаат платите, пензиите, социјалната помош, обврските кон стопанството, кредиторите, како и средства за антикризни мерки за помош на економијата и забрзување на ревитализирањето. Четвртиот сет антикризни мерки ќе биде насочен кон економско заздравување – стимулирање на приватната потрошувачка, но и поттикнување на инвестициите во стопанството.

— реклама —

„Ќе обезбедиме доволно средства за финансирање на следните пакети на економски мерки за ублажување на ефектите од кризата, како и економска обнова во пост-кризниот период кон „новото нормално“. Приоритетно ќе биде да се согледа каде се можностите во рамките на буџетот со оглед тоа кои програми или проекти се знае со голема веројатност дека нема да можат целосно да се реализираат до крајот на годината, потоа привлекување финансии во нашата економија од надворешни извори на финансирање, како и разгледување на можности за мобилизирање на слободните финансиски средства од домашниот финансиски пазар а со тоа во координација со НБРМ со цел задржување на финансиската и монетарната стабилност во економијата“, вели министерот.

Тој вели дека ќе бидат обезбедени средства за евентуални нови шокови од епидемијата. Додава дека приходите и расходите на буџетот се следат на дневна основа и доколку се појави потреба, навремено ќе се реагира, а бизнис секторот и граѓаните ќе бидат навремено информирани за следните економски политики.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања