Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Бесир Беља: Го удрив 2-3 пати Никола Саздовски, не сакав да го убијам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
sazdo_komita-678x381-36jhagx7hzqhqehk62lszk

По половина година молк во судницата одекнаа изјавите и на двајцата тепачи на Никола Саздовски Саздо, кој почина на скопките клиники. Бесир Беља жали за смртта. Не сакал да убие никого, и не тргнал со таква намера. Со обвинетите Секендер Демири и Јетон Лужа тргнале на кафе, а кружејки со „мерцедесот“ поминале покрај автобуската постројка во Автокоманда. Бесир пред судот рече дека застанал, бидејќи му се причинило дека ја видел неговата братучетка. Излегол да провери, а враќајки се назад им се сретнеле погледите со Саздо.

— реклама —

„Го загледав сега покојниот и заклучив како да сака да ми направи нешто. Му пријдов и го прашав зошто ме гледа. Ме опцу, го опцув. Започнавме расправија. Го удрив 2-3 пати, и тој ме удри еднаш во слабианта, еднаш ме промаши. Тој тргна наназад, му се сплеткаа нозете и падна. Но, бидејќи се насобраа луѓе не видов дали удри во нешто, и дали падна во безоснание“, сведочеше Беља.

— реклама —

Беља, на налетот прашања од адвокатите, судот и  таткото на Саздо,  рече дека го познавал од социјалните мрежи, но не и лично. Најмногу сомнеж во исказот на Беља имаше татко му на Саздо.

— реклама —

Адвокатот на оштетеното семејство го спротистави Беља со претходните сведоци, кои сведочеа дека на заминување, Беља го удрил со нога во пределот на вратот.

— реклама —

Види повеќе на Телма ТВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања