Бешлиовска: Ако не биде решен статусот на медицинските сестри, тогаш ќе има уште поголем одлив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sestra

— реклама —

Гордана Бешлиовска, претседателката на Здружението на медицински сестри смета дека медицинските сестри треба да имаат подобар статус и ако не биде решен, тогаш ќе се случува уште поголем одлив.

— реклама —

Таа денеска се обрати по повод најавеното заминување на три медицински сестри, меѓу кои и главната медицинска сестра од Инфективната Клиника.

Треба некој да се запраша зошто сме ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив. Ќе имаме вакви случаеви многу, ако не се реши статусот. Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат, рече Бешлиовска.

Медицинските сестри во болниците, посочи таа, се третирани по аршини на некои правилници во самите болници. Според неа, медицинските сестри не недостигаат само кај нас, туку тоа е глобален проблем.  Таа додаде дека незадоволство на медицинските сестри нема само на Инфективната клиника, туку во сите здравствени установи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања