Работниците со ниски примања и годинава ќе одат на одмор на државна сметка. Огласот е објавен и ќе трае до 30 август. Работниците кои не можат да си дозволат одмор ќе добијат ваучери во износ од 15.000 денари.
-Оваа година издвоивме 20.000.000 денари за оваа цел, така што сите вработени кои ги исполнуваат условите месечните примања во семејството да не надминуваат нето приход од вкупно 22.000 денари, ќе имаат право на субвенции од 15.000 денари, вели министерот за економија Крешник Бекштеши.
Бектеши додава дека склучени се договори со 25 хотели низ македонските туристички центри. Ваучерите ќе може да се користат заклучно со 30 номеври.
Оваа мерка се применува трета година по ред. Министерот за економија е задоволен од резултатите. Лани 1700 работници добиле ваучер, што е за 12% повеќе од 2017 година. Најпосетени места во изминатите години биле Охрид, Попова Шапка, Маврово и Берово.