Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Бесплатни ехо-прегледи на уринарниот тракт и простатата во Скопје по повод Месецот на машкото здравје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 54 минути -

Скопје
media-libraryqh72842ooee90phty5l

Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје денеска организира превентивна здравствена акција по повод Месецот на машкото здравје, со цел да се подигне свеста за важноста на редовните прегледи и навременото откривање на здравствените проблеми.

— реклама —

Во рамки на акцијата ќе се вршат превентивни ехо-прегледи на уринарниот тракт и простатата, а граѓаните ќе имаат можност и за консултации со специјалист уролог.

— реклама —

Активностите ќе се одржат од 10 до 11 часот, во амбулантата на Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје.

— реклама —

На настанот се предвидени обраќања на директорката на болницата и потпретседателка на Лекарската комора за секундарно здравство, д-р Ленче Нелоска, како и на претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Никола Јанкуловски.

— реклама —

Превентивната акција е дел од активностите посветени на Месецот на машкото здравје, со кои се нагласува значењето на редовните уролошки прегледи и раното откривање на заболувањата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања