Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Бесплатни училишни униформи за над 7 илјади ученици од Општина Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Со јавен настан кој се одржа во основното училиште „Александар Македонски“ во населбата Лисиче, официјално започна процесот на доставување на бесплатните училишните униформи за повеќе од 7 илјади ученици од сите основни училишта во Аеродром.


— реклама —

На настанот присуствуваа претседателот на советот Дејан Митески и секретарот на Општина Аеродром, Јулијана Павковска-Боцевска. Станува збор за комплетен пакет – униформа кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Целта на овој проект да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка тоа да не предизвика дополнително оптоварување на семејниот буџет.

— реклама —


„Реализацијата на овој проект, субвенциите и часовите за пливање за учениците од прво одделение, како и бесплатните таблети за учениците од четврто одделение се само дел од активностите за унапредување и подобрување на условите за реализација на наставата, но и потврда дека Општина Аеродром вложува значителни средства во подобрување и модернизација на образовниот процес. Новата учебна година, учениците во неколку основни училишта ја започнаа во реконструирани и модерни простории, а веќе од следната недела сите ученици од Аеродром ќе посетуваат настава во нови и бесплатни униформи, обезбедени од страна на општината“, велат од Општина Аеродром.

— реклама —

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања