Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Бесправна сеча на огревни дрва – заработија кривични пријави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
seca

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против T.М.(24) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на февруари 2019 во атар на село Русиново, од парцели во сопственост на РС Македонија, пријавениот извршил бесправна сеча на борови стебла.

— реклама —

На 20.03.2019 во полициска станица Струмица било пријавено дека истиот ден во 11.20 часот на место викано „Дарван“, општина Босилово, вработени во шумската полиција Струмица го затекнале О.Ф.(19) од село Старо Балдовци при бесправна сеча на огревни дрва со патничко возило „Ауди“ со струмички регистарски ознаки. Тие со возила го блокирале патот за да спречат бегство на О.Ф. со возилото „Ауди“, но тој во два наврати со неговото возило тргнал накај вработените во шумската полиција и удрил во службените возила, а една вработена во шумската полиција се здобила со повреди и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.. Огревните дрва биле одземени, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања