СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р.(21) од Агино Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во периодот од ноември 2018 до 24.02.2019 во атар на Агино Село, кумановско, од плацеви во сопственост на М.С. и Р.К., извршил бесправна сеча на багремови дрвја.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Ј.(23) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Во текот на февруари 2019 на подрачје на Делчево, кај место викано „Јовеви Орници“, од парцели сопственост на М.С. од Делчево, пријавениот извршил бесправна сеча на дабови и јасикови дрвја.