Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Бетиане Китев: Со измените на Законот за земјоделско земјиште создаваме услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ продолжуваат со вистинска грижа за земјоделците и унапредување на земјоделството. Со измените на Законот  за земјоделско земјиште се реализира сериозна реформа на целокупниот сектор, но и се надминуваат реалните проблеми при доделување на земјоделско земјиште под закуп, истакна Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Со законските измени, се овозможува правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште во државата.

— реклама —

Со цел поголема вклученост на младите земјоделци и отворање можност да започнат сопствен агробизнис, младите лица до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот.

— реклама —

Се отвора можност ако при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот. Со тоа се става ред во електронското наддавање, се забрзува целата процедура, односно се спречува постапките да се повторуваат.

— реклама —

Со измените се овозможува изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделски производи. Со тоа ќе се овозможи зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства, ќе се зголеми искористеноста на ИПАРД програмата, и позитивно ќе се влијае на развојот на рурални средини преку рурален туризам.

Претходниот закон не дозволуваше доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари. Сега, со измените им се овозможува и на тие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари. На тој начин се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Ова се само дел од реформите во Законот за земјоделско земјиште што се во интерес на земјоделците.

Остануваме посветени на унапредување и развој на земјоделството, повеќе пари кај земјоделците и подобри услови за конкурентно земјоделско производство, истакна Бетиане Китев, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања