Бетмен Велит за деновите поминати во затвор: Рекетот ќе се истражува, а во ќумезот добив браќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Коментари
bogdan-ilievski-betmen-velit

„Знаете кога ми станаа браќа? Во Шутка. Во ќумезот. Претходно не ги ни познавав. На ден на притварање се запознавме. Во суд. Но... станавме браќа по судбина. Мојата и на дузина законски ослободена, нивната политички масакрирана. А не обвинуваа дека сите ние заедно! со "усогласени и координирани дејствија"! сме планирале "терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија"!!! Господ на помош.

— реклама —

И се додека тие мои браќа по судбина се внатре, нема да се смирам. Бидејќи и тие се нечии татковци, браќа, сопрузи, деца. Не се луѓе најдени на улица со кои ќе си игра кој како сака. Без оглед што Југ ме закачаше дека сум комунист или што Оливер1 и Оливер2 тачно и да не ги знам повеќе од едно "Здраво. Лудо време е. Ќе го јадеме ни криви ни дужни". Младен го запознав откако го собрале од мекици за детето. Провороденче. Мите Пешов го запознав на шетња, комшија ми беше. Малолетното дете не смееше да му доаѓа во визита. Но беше цврст, стамен и тврд. Јане... Јане е епитом за Македонската судбина. И на дедо му му суделе удбаши, и нему. Горан ако е терорист, командант Вентиљи е Брејвик. Тоа е вистината, другари. Ништо друго што ќе чуете. Тоа се моите браќа по судбина, кои во моментов се во зандани за тероризам, затоа што некој така решил дека треба,а не затоа што тоа го сториле.

— реклама —

Рекетот за измислениот тероризам на 27ми допрва ќе се истражува. Целта на сите им е јасна. Но, вистината нема да умре. Ќе излезе на виделина. Тачно и да треба животот да го посветам на тоа. А ако мене ме снема има 500 луѓе (отприлика) кои ќе продолжат каде сум застанал. Така што сосема сигурно можам да кажам дека "нема да умрам" додека не излезе вистината на виделина. А откако ќе излезе, паднатите за Македонија ќе живеат вечно. Подолго, мноооогу подолго од квислинзите кои силувале цели семејства за сопствен рачун.

А вистината е... како шило. Еден ден ќе излезе на бело видело“, пишува предводникот на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања