Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.